Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтрашна сообраќајка кај Железничката станица – девојка прегазена од автомобил

Страшна сообраќајка кај Железничката станица – девојка прегазена од автомобил

 

Страшна сообраќајка се случи синоќа во Скопје, поточно кај Железничката станица. Девојката била ударена од автомобил возило марка „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки.

Според изјавите на очевидци, по ударот девојката не можела да се движи, а набрзо дошла и Брзата помош која ја одвела на една од скопските клиники, поточно во Ургентниот центар.

Од болницата информираат дека девојката е донесена во Ургентниот центар, каде во моментов се вршат дијагностички иследувања со цел да се утврди карактерот на повредите.

Инку, уште не се знае како дошло до сообраќајната несреќа.

Фото: Телеграф.мк