Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСтранските медиуми во Русија под темелна истрага

Странските медиуми во Русија под темелна истрага

Долниот дом на рускиот парламент, Државната дума го одобри предлогот за покренување на истрага за американскиот медиумски организации кои делуваат во Русија, пренесуваат руските медиуми.

Во истрагата, која ќе биде спроведена од страна на Одборот за информативна политика, технологија и комуникација, ќе биде проверувано дали CNN, Voice of America, Radio Liberty и „останатите аемрикански медиуми“ ги почитуваат руските закони.

Во изјавата се наведува дека Думата ја поддржала мерката во петокот откако парламентарниот претставник на владејачката партија „Обединета Русија“, Константин Затулин предложил истрага како одговор на „репресивните американски мерки против државната руска мрежа RT“.

Извор: Макфакс