Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтолтенберг: Да се спроведат реформите и да се подобро владеењето на правото

Столтенберг: Да се спроведат реформите и да се подобро владеењето на правото

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека му честитал на премиерот Зоран Заев за формирањето нова влада.

– Разговарав денеска со премиерот Заев и му честитав за неговите нови одговорности. Се согласивме за важноста од итно спроведување на реформите, вклучувајќи го доброто владеење и владеењето на правото. Овие реформи ќе бидат од корист за сите граѓани на Поранешната југословенска Република Македонија и ќе го напредне евроатлантските аспирации на земјата.

Тој истакна дека на НАТО е заинтересиран за стабилна, демократска и просперитетна Македонија, како дел од стабилен Западен Балкан.

– Како што Скопје ќе напредува, така НАТО ќе продолжуваа да дава поддршка преку нашата канцеларија во главниот град – рече Столтенберг.