Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСтави потпис на петгодишен договор – Арда Туран е нов играч на ФК Барселона

Стави потпис на петгодишен договор – Арда Туран е нов играч на ФК Барселона

Откако во трансфер зоната беше поврзан со повеќе големи клубски имиња, турскиот репрезентативец се одлучи понатамошната кариера да ја помине во дресот на каталонскиот гигант Барселона. По четири години поминати во Атлетико Мадрид, Туран и воопшто им е добро познат на челниците на Барса, со оглед на тоа што изминативе неколку сезони Атлетико беше чест противник на црвено-сините.

Кој е Арда Туран? Фудбалското деби го започнал во сезоната 2004/2005 за тимот на Галатасарај, за наредната сезона да отиде на позајмица во турски Вестел Манисаспор како би можел да се зајакне и да стекне поголемо искуство. Повторното враќање во Истанбул му донело огромна предност, станувајќи клучна алка во тимот. Во просек има одиграно по 38 натпревари во сезона и, иако не игра на позицијата напаѓач, има постигнато дури 43 погодоци на Али Сами стадионот.

Неговиот талент го забележал Атлетико од Мадрид и во 2011. година му е понуден четиригодишен договор. На Висенте Калдерон блеска во полн сјај, со што станува неизоставен дел од тимот. Во сите сезони поминати сo “los colchoneros”, Арда нема одиграно помалку од 40 натпревари. Со овој тим ја освои Лига Европа во 2012 година, Шпанскиот куп во 2013. како и лигата и Шпанскиот Супер куп во 2014.

Несомнено е дека блескавоста и истрајноста на теренот ќе придонесе за зајакнување на средниот ред, посебно кога сега тоа е најпотребно за Каталонците. Повеќе нема да бидеме во можност да го гледаме дуото Чави – Иниеста и 28. годишниот Турчин треба да го оправда она што досега го покажувал во своите поранешни клубови и да се покаже како беспрекорна замена за легендарниот Ернандез.

Подготви: Тамара Стојкова