Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСтаруваше канадската OneContact со 200 вработувања

Старуваше канадската OneContact со 200 вработувања

Денеска официјално започнува со работа инвестицијата на канадската компанија „OneContact“ која инвестираше во отворање на нов кол центар во Скопје, во кој ќе се вработат најмалку 200 граѓани.
One contact center е канадска компанија од услужниот сектор, од областа на телекомуникациите а ќе се врши и анализа на податоци.

На официјалното започнување со работа, беа присутни директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, Министерот за финансии Кирил Миновски, инвеститорот Асиф Чаудари, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Инвеститорот Чаудари информира дека се започнало пред две години во Торното каде што на конференција бил запознаен со инвестициските можности во Македонија. Истакна благодарност до Мизо како и до целата Влада што му е овозможено да инвестира во Македонија.