Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГентерм ја отвора фабриката во прилепската зона

Гентерм ја отвора фабриката во прилепската зона

Американскиот инвеститор Гентерм денеска ќе ја отвори најавената фабрика во индустриската зона Прилеп 1 со што ќе означи старт на инвестицијата вредна 20 милиони долари со предвидени 2000 вработувања.

Гентерм во капацитетот во Прилеп ќе произведува термални системи за автомобили и други уреди, наменети за извоз на европскиот пазар, според најавите, пред се, за големите автомобилски гиганти како „Ферари”, „Порше”, „Бентли”, „Рено”, „БМВ”.