Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиСтарт на македонските одбојкари со пораз

Старт на македонските одбојкари со пораз

Европската лига за македонските одбојкари не започна според очекувањата. Избраниците на селекторот Жарко Ристоски доживеаја дебакл против екипата на Естонија со 3:0 во сетови, односно 25:9; 25:19 и 25:18 во поени.

Селекторот Жарко по завршувањето на натпреварот изјавил дека, според него, главен проблем во текот на целиот натпревар бил приемот на топката и неспорен бил фактот дека Естонците цело време имале одлични сервирања,а тоа било невозможно да се спречи.

Вториот натпревар помеѓу двете репрезентации се игра денес, повторно во Парну, со почеток во 19 часот.