Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСредношколци се тепале во „Зеф Љуш Марку“, „заиграл“ и ножот

Средношколци се тепале во „Зеф Љуш Марку“, „заиграл“ и ножот

Во училишниот двор на СУГС „Зеф Љуш Марку“ во Скопје вчера дошло до тепачка помеѓу две групи на ученици. Од една страна биле тројца малолетници од Скопје и еден малолетник од Гостивар, додека од друга страна биле четири малолетни лица од скопското село Батинци.

Во тепачката, соопшти денеска МВР, малолетниците си размениле по неколу удари со тупаници и клоци, а во еден момент лице од втората група извадило нож и четири пати во пределот на главата со сечивото удрил ученик од првата група при што му нанел видлива телесна повреда. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.