Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНова паника во Лондон – маж со нож уапсен кај Парламентот

Нова паника во Лондон – маж со нож уапсен кај Парламентот

Зградата на британскиот парламент е блокирана, како и околината, а едно лице е уапсено, јавуваат светските медиуми.

Како што се наведува, уапсен е маж кој бил вооружен со нож, а „Би-би-си“ пренесува дека настанот не се поврзува со тероризам.

Вооружени припадници на полицијата патролираат по околните улици, зградата на парламентот е затворена, а вратите се заклучни.

„Маж на возраст од околу 30 години е уапсен и осомничен за поседување нож. Нема информации за повредени“, стои во соопштението на полицијата.