Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрбија петти ден на нозе – масовни протести во повеќе градови

Србија петти ден на нозе – масовни протести во повеќе градови

Србија петти ден на нозе. Демонстратите сметаат дека имало изборна измама, дека Вучиќ го украл изборите и дека гласале и починати лица.

Демонстрантите бараат намалување на бројот на членови во Републичката изборна комисија и во Регулаторното тело за електронски медиуми поради неправилности за време на кампањата за претседателските избори, смена на претседателката на српското собрание, Маја Гојковиќ, и против раководството на српската национална радиотелевизија поради „режимското известување и нерамномерната застапеност на кандидатите“, како и за средување на избирачкиот список.

Речиси сите големи спрски медиуми не известуваат за масовните протести насловени „Протест против диктатурата“, па граѓаните објавуваат фотографии на социјалните мрежи и повикуваат на нивно споделување од страна на сите граѓани. На протестот се приклучија и припадниците на полициските и воените сили. За утре најавени се и контра протести.