Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСпречен нов терористички напад на истанбулскиот аеродром

Спречен нов терористички напад на истанбулскиот аеродром

Турските служби спречија терористички напад на меѓународниот аеродром „Ататурк” во Истанбул. Турските медиуми пишуваат дека разузнавањето добило информација дека во Истанбул пристигнала, Ебру Фират од Курдската работничка партија, со кодно име „Амар”. Според информациите на разузнавачките, таа пристигнала во Истанбул од Дијарбакир со цел да изврши напад.

Жената била уапсена, но не се соопштува дали имала појас со експлозиви. Според турските медиуми, Фират била веднаш однесена во станица во Истанбул. Анкара ги обвинува активистите на ПКК за мноштвото терористички напади кои ја потресоа земјата во последните месеци.

На аеродромот „Ататурк” се уште траат вонредните мерки кои беа прогласени по терористичките напади на 28 јуни оваа година. Три експлозии одекнаа на аеродромот и загинаа 44 лица, меѓу кои 19 странци, а 239 лица беа повредени. Турската влада подоцна изјави дека зад нападот стои терористичката организација „Исламска држава”.