Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски одлучил кого да стави на чело на УБК и БЈБ, но имињата ќе ги соопшти на седница на влада

Спасовски одлучил кого да стави на чело на УБК и БЈБ, но имињата ќе ги соопшти на седница на влада

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одлучил кои ќе бидат новите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), но не ги кажува нивните имиња до седницата на влада на која треба да ги предложи, пишува „Мета“.

Ова денеска го потврди Спасовски, на прес-конференцијата по повод потпишувањето договор за донација од повеќе од еден милион евра со амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш.

Прашан дали денеска ќе има нови директори на УБК и на БЈБ, Спасовски рече дека тоа ќе биде познато на седницата на влада.

Инаку, како што потврди и самиот, седница на владата е закажана за денеска, но не одговори конкретно дали ќе ги предложи новите директори уште денеска.

– Имам донесено одлука и ќе ја доставам на седница на влада кога ќе мислам дека треба да бидат избрани – рече Спасовски.

Пред именувањето на новите директори, владата треба да го разреши актуелниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, и на БЈБ, Митко Чавков.