Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОпремата за прислушување ќе се смести во посебен оперативен центар, рече Спсовски

Опремата за прислушување ќе се смести во посебен оперативен центар, рече Спсовски

Опремата за прислушување од УБК ќе биде преместена на посебна локација со цел поголема транспарентност и професионалност во работењето на службата, изјави Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по средбата со претседателот Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи.

– Веќе разговараме на оваа тема, имаме неколку предлози кои ги разгледавме како опции. Идејата е опремата да биде преместена од МВР. Најоптимално решение е да биде сместена во посебен оперативен центар, кој ќе биде задолжен за следење на комуникациите. Ова решение секако ќе биде разгледано од стручни лица и детално обработено на кој начин ќе ја реализираме оваа операција – рече Спасовски.

Прашан дали во моментов се прислушува, Спасовски рече се врши само следење кое произлегува од изречени мерки од Врховниот суд и Обвинителството. Тој најави дека се изготвува нов закон за следење на комуникациите и уште неколку други закони со кои ќе се спроведе реформа во државниот оддел за безбедност.

– Секој подзаконски акт кој ќе создаде одредени нејаснотии во врска со безбедноста на државата ќе биде променет. Најважно е во целиот овој процес на реформи во безбедноста да има инклузивност, пред сè во Парламентот, и преку дебата да дојдеме до соодветно решение. Наша цел е да ја заштитиме државата од одредени криминални дејствија – додаде рече Спасовски.