Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСпасовски на Симеоу му ги презентираше планираните реформите во МВР

Спасовски на Симеоу му ги презентираше планираните реформите во МВР

Министерот Оливер Спасовски денеска се сретна со делегација на Советот на европските полициски синдикати, предводена од претседателот Андреас Симеоу, каде полноправен член е Македонскиот полициски синдикат.

Министерот Спасовски на членовите на делегацијата на Советот на европските полициски синдикати им ја презентираше намерата за спроведување на темелни реформи во Министерството за внатрешни работи, со цел оваа институција да се департизира и декриминализира и на тој начин да ја врати довербата кај граѓаните. Тој потенцира дека професионалците во МВР ќе добијат поддршка за професионалното работење, а во соработка со МПС ќе бидат подобрени и условите за работа на полицајците.

Г-динот Симеоу му го честита изборот на министерот Спасовски и ја поздрави неговата подготвеност за соработката со Македонскиот полициски синдикат околу подобрувањето на условите за работа на полицајците и спроведувањето на најавените реформи. Според него, инвестирањето во полицијата е неопходно, затоа што подобрите услови ќе донесат и подобри резултати во работењето.