Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСП Канада 2015: Јапонија се приклучува во трката за титулата со САД

СП Канада 2015: Јапонија се приклучува во трката за титулата со САД

Познат е и вториот финалист во супер возбудливото Светско првенство за жени во фудбал кое годинава се одржува во Канада. Со многу среќа за Јапонките, а огромна трагедија за Англичанките, косооките успеаја да се пласираат во завршницата со резултат од 2:1 и за свој противник, како што беше случај на минатото светско првенство, повторно ја имаат репрезентацијата на САД:

Интересно на натпреварот беше тоа што двата гола за репрезентацијата на Јапонија беа прилично чудни. Најпрво со досуден пенал за прекршок надвор од шестнаесетникот, за потоа противничкиот тим сам да се слизне во дупката и да постигне автогол две минути по судиското продолжение.

Без разлика на се, репрезентативките на Англија ќе ги одмерат силите за трето место против Германија, репрезентацијата која доживеа пораз во првиот полуфинален меч.

https://youtu.be/p720cT7o3G4