Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајна несреќа во Пинтија, усмртен еден пешак

Сообраќајна несреќа во Пинтија, усмртен еден пешак

Утрово во сообраќајна несреќа загина 70-годишен маж откако во него удрило комбе со скопски регистарски таблички.

Несреќата се случила во скопската населба Пинтија на булеварот „Борис Трајковски“, кога комбето удрило во пешакот Живоин К. кој се здобил со тешки повреди. Медицински лица веднаш го пренеле во Ургентниот центар, но не успеале да го спасат неговиот живот со што веднаш била констатирана смрт.

На местото на несреќата полицијата извршила увид.