Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајна незгода кај Музејот на холокаустот

Тешка сообраќајна незгода кај Музејот на холокаустот

Во непосредна близина на Музејот на македонската борба, утрово во 2.30 се случи тешка сообраќајка, на крстосницата помеѓу булеварот Гоце Делчев и улицата 11 Март.

Во незгодата учествувале две возила „ пежо 206“, управуван од скопјанката М.С (23) и засега непознато возило, бидејќи возачот избегал веднаш по сударот.

Во сообраќајката со тешки телесни повреди се добиле две лица.

На фотографиите може да се забележи дека во несреќата, автомобил „пежо 206“ е превртен на покрив и речиси е целосно уништен.