Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајка на патот Градско-Прилеп, осум лица се повредени

Сообраќајка на патот Градско-Прилеп, осум лица се повредени

Денеска околу 15:30 на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна несреќа меѓу два автобуса. Според СВР Велес, осум лица се повредени и тие се пренесени во Медицинскиот центар во Прилеп. Овој патен правец кај селото Фариш, беше во прекин до 18:30 часот. Надлежен јавен обвинител и полициски службеници направиле увид на местото, според кој ќе се дознае и причината за несреќата.