Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието се распушти, СДСМ не оди на избори

Собранието се распушти, СДСМ не оди на избори

Собранието се распушти, опозицијата не беше присутна. Трајко Велјановски им се заблагодари на пратениците за соработката, а неговите колеги од партијата го поздравија со аплауз. СДСМ нема да учествува на избори на 5 јуни, објави вечерва претседателот на партијата, Зоран Заев.

Тој истакна дека избори без слобода, со притисоци, без реформи во медиумите, без пречистен избирачки список се лажни, нефер и недемократски и тоа е причината поради која опозициската СДСМ нема да учествува на овие избори. Заев ги повика сите граѓани, студенти, пензионери, без оглед на партиска, религиска или етничка припадност, заедно да застанат и да ја сочуваат демократијата. „Или Груевски или Македонија“, истакна Заев во вечерашното обраќање од седиштето на партијата.

На распуштањето на Собранието присуствуваше координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери, координаторот на пратеничката група Имер Алиу, како и независните пратенички. Оставките на министрите на СДСМ и дополнителните заменици не беа констатирани.

И покрај инсистирањето на опозицијата изборите да бидат одложени, како и изјавите на европските пратставници дека се уште не се исполнети условите за фер и демократски избори, сепак вечерва собранието се распушти. Изборите се закажани за 5-ти јуни, а се уште е неизвесно дали ДИК ќе успее да го прочисти избирачкиот список.