Friday, Apr 26, 2024
HomeUncategorizedСобранието одвај работи и на туркање

Собранието одвај работи и на туркање

Во анемична атмосфера, со мало учество во дискусиите и со повеќе празни отколку зафатени пратенички фотелји, денеска пратениците во Собранието сработија многу малку од дневниот ред, пишува Мета.

Иако се гласаше по неколку точки, за половината од нив немаше доволен број пратеници во салата. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, трипати ги покануваше пратениците кои имаа пријавено учество на седницата, а не беа во собраниската сала, да седнат на своите фотелји и да учествуваат во работата, но тоа немаше ефект, па поради немање кворум, Џафери прогласи пауза до 15 часот.

Со само четворица пратеници кои учествуваа во дискусиите за некои точки, со многу малку гласови за предложените точки, Собранието едвај работеше. Народниците избраници останаа глуви и на неколкуте пребројувања од страна на собраниските служби, на предупредувањата од Џафери да влезат во салата и на барањата координаторите на пратеничките групи да ги повикаат веднаш да влезат.