Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСо секира во рака тргнал да се пресмета со градоначалникот на Свети Николе

Со секира во рака тргнал да се пресмета со градоначалникот на Свети Николе

Вчера околу 10:00 часот во Свети Николе, во зградата на Општина Свети Николе, Т.Ј. (47) од Свети Николе влегол внатре со секира и откако бил спречен од страна на обезбедувањето да влезе кај градоначалникот, истиот отишол кај секретарката и ја навредувал со погрдни зборови. По ова, излегол во ходникот, удирал со секирата по стаклото и радијаторот,а се заканувал на раководителот на обезбедувањето. Во тој момент еден од вработените успеал да му ја земе секирата.

Т.Ј. е приведен во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.