Saturday, Apr 27, 2024
HomeИздвојувамеСо позитивни побуди секогаш во победи

Со позитивни побуди секогаш во победи

За било што и да прават луѓето секогаш е потребна замисла и идеа што ќе ги поттикне во дејствие кон она што треба да се оствари. И токму она што нѐ поттикнува и покренува да дејствуваме е побудата. Причините се секогаш различни, некогаш правиме нешто за себе, некогаш за блиските, некогаш за душа, некогаш од неопходност, но секогаш се надеваме на ПОЗИТИВен исход или сѐ добро да испадне. Исто така и начините на кој се обидуваме да постигнеме нешто може да бидат најразлични, но чувството или побудата која не води буквално секогаш (треба да) е ПОЗИТИВна!
mario2
Неодамна, пред месец и половина, еден дождлив вторник, по претходното саботно откажување на една добротворна акција МАКЕДОНИРАЈ на ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА, во раните утрински часови бев на снимање во живо каде што ја најавив посетата на 2 семејства тој ден. Во текот на разговорот постојано врнеше, росеше и капеше, а небото се муртеше, но на крајот кога новинарката ме праша за нашето најубаво македонско знаме со сонцето кое го носев на грб, огреа сонцето (види снимка, посебно од 7:30 – )!

Се вратив на работа и токму на половина час пред почетокот на посетата на првото семејство и акцијата ВЕЛОДАРНОСТ, заврнаa силен град и пороен дожд. Ми се јавува Јовица и ми вели што да правиме, пак ли ќе треба да откажеме. Му велам, без грижи, со добра побуда и ПОЗИТИВна помисла, времето сигурно ќе не послужи! И навистина за десетина минути престана невремето и огреа силно сонце. Го посетивме првото семејство каде оставивме помош, а потоа на прекрасно сончево време преку парк шумата Гази Баба заминавме со велосипедите до кај второто семејство во Љуботенски Пат – Радишани каде имавме преубави незаборавни мигови со нивните прекрасни 4 дечиња. ПОЗИТИВната помисла навистина не поведе во ПОЗИТИВен исход.
mario
Во нашите делувања, прошетки, македонирања и активности со ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА, искачувања на планини и воопшто низ многу премрежни мигови на нашите млади животи повеќе пати ни се повториле вакви состојби и секогаш со ПОЗИТИВна побуда и помисла сѐ се завршувало во најдобар ред и исход. Така за што и да правиме, каде и да треба да одиме, секогаш си велиме со добра побуда и ПОЗИТИВна побуда сѐ ќе испадне добро и одиме во победа! Знаејќи ја ПОЗИТИВната енергија и побуди на овие прекрасни млади луѓе и мои пријатели знам дека со ПОЗИТИВ.мк ќе има прекрасни ПОЗИТИВни остварувања, подвизи и победи. Со добра и ПОЗИТИВна помисла знам дека ова катче на македонскиот интернет простор ќе биде одлична и широка основа која преку споделување на огромен број на корисни и битни информации, ПОЗИТИВни написи, стории и нешта ќе придонесе и помогне за многумина да го пронајдат она што им треба, да се поврзат, да дознаат, а на тој начин со ПОЗИТИВно делување, ПОЗИТИВно ќе се влијае и придонесе кон сеопштиот добробит.
mario4
На ПОЗИТИВ.мк покрај илјадници ПОЗИТИВни нешта секој ден во секој миг ќе нѐ пронајдете и мене и ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА, како и стотици други ПОЗИТИВни ликови, па заедно ќе имаме можност да истражуваме, споделиме, помогнеме, придонесеме и уживаме во Македонија и со самото тоа ПОЗИТИВно да делуваме и придонесуваме. Посакувам многу успеси, плодна работа и ПОЗИТИВни достигнувања на ПОЗИТИВ.мк и заедно со сите вас ви посакувам СО ПОЗИТИВНИ ПОБУДИ СЕКОГАШ ДА ОДИМЕ ВО ПОБЕДИ! Само ПОЗИТИВно!