Tuesday, Mar 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомАвстралија објави дека ја победила СИДА-та

Австралија објави дека ја победила СИДА-та

Австралиски истакнати научници објавија дека е дојден крајот на СИДА-та во земјата-континент како проблем на јавното здравство, пренесе ДПА. Истражувачите констатирале дека секоја година бројот на Австралијците, дијагностицирани со СИДА се намалува, достигнувајќи незначителни броеви. Според експертите деновите на фаталниот синдром се изброени.

Научниците од неколку истражувачки групи соопштија дека бројот на смртните случаи предизвикани од пандемијата, од 1000 годишно во 90-тите години на минатиот век, во наши денови се движи кон нула. Моментално поединечните случаи на СИДА, регистрирани во земјата, се поврзани со луѓе чија ХИВ зараза не била дијагностицирана навремено.

Пресвртот во борбата против пандемијата австралиските научници се оддаваат на антиретровирусните лекови, кои овозможија на многу пациенти инфицирани со ХИВ, да водат еден исполнет живот.