Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСо лажна лична карта сакал да полета од охридскиот аеродром

Со лажна лична карта сакал да полета од охридскиот аеродром

На дваесети и три годишниот А.Л. од Елбасан, Албанија му е одреден притвор затоа што на 15 јуни се обидел неисправна лична карта да употреби како вистинска и да ја искористи за излез и непречено преминување на државната граница на аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид.

Во 14.30 часот тој со авион на комппанијата „Виззер“, сакал од Охрид да патува за Лутон–Англија приложувајќи италијанска лична карта на име П.В. со рок на важност до 10 јуни 2022 година.

При вршење на граничната контрола, кај полициските службеници се јавил сомнеж во валидноста на документација и било констатирано дека италијанската лична карта е од оргинална хартија и ги има сите заштитни знаци но врз неа механички е делувано на местото каде е поставена фотографијата, забележани се неисправности на печатот на фотографијата, имало замена на одредени бројки на личната карта кои потоа биле потполно неисправно испринтани со обичен принтер. При преглед на багажот, пронајдена е албанска патна исправа на име А.Л. со рок на важност до втори септември 2022 година.

За фалсификуваната лична карта, Албанецот платил 800 евра по што истата ја добил за три дена.

Извор: Плусинфо