Со „голф“ удрил во полицаец, службеникот пренесен во болница
Вчеравечер околу 22:50 часот на регионалниот пат Тетово-село Јажинце, при редовна работа, полициски службеник бил удрен одзади од возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки. Со возилото управувал 29-годишниот Р.Ф. од селото Нераште. Полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и веднаш бил префрлен во Клиничката болница во Тетово.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.