Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСлучаен минувач настрада при уривање на бараки во Центар – оџак го удри по глава

Случаен минувач настрада при уривање на бараки во Центар – оџак го удри по глава

Утрово скопјанец загинал кога врз него паднал оџак при уривање на бараките во парк во центарот на Скопје. Од МВР потврдија дека утрово во 10 часот и 50 минути починал педесет и тригодишен човек во паркчето што се наоѓа на раскрсницата меѓу „Јужен булевар“ и „Јордан Мијалков“.

Според досегашните информации педесет и тригодишниот граѓанин случајно минувал покрај бараките и го погодил оџак паѓајки му врз главата.

Инаку, моментално се врши увид на настанот.