Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСлободата е неотуѓива, борете се за своите права и достоинство

Слободата е неотуѓива, борете се за своите права и достоинство

Светот го одбележува денот на човековите права и слободи и се потсетува на донесување на најзначајните правни документи како Меѓународната конвенција на Обединетите нации која е универзално прифатена и ратификувана од многу држави за гаантирање на личните, политичките, економските и социјалните права.
human-rights-day
Сепак, денес по речиси 50 години од нејзиното донесување се соочуваме со глобални закани за човековите права, постојано уназадување на слободата, закана за приватноста, изразувањето, здружувањето и критичкото размислување. Во ера на закана од глобален тероризам се жртвуваат граѓанските слободи, политичките елити ги поклопуваат општествените механизми, а моќните центри со своите интереси ги девалвираат поединечните човекови вредности.

„Изготвувачите на пактовите можеле тешко да замислат прашања како што се дигиталната приватност, мерките за борба против тероризмот и климатските промени, но, почитувањето на слободата продолжува да биде основа за мир, безбедност и развој за сите. Придружете ни во славењето на слободата и помогнете да се прошири пораката низ целиот свет дека нашите права, нашите слободи се неотуѓиви и вродени сега, и секогаш, изјави Зеид Ра`ад ал Хусеин високиот комесар за човекови права на Обединетите нации.


Токму одговорот на сите закани и предизвици е уникатната потреба човекот да биде слободен, да тежнее кон прогрес и подобра иднина. Затоа не дозволувајте да бидете замолчени, барајте си ги своите права и слободи и користете ги сите механизми за нивна заштита.

Автор: Христијан Станоевиќ