Monday, May 1, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеСкопската населба Железара ќе добие кружен тек

Скопската населба Железара ќе добие кружен тек

„Бауер БГ“ ќе биде изведувачот на новиот кружен тек, што ќе се гради на вкрстувањето на улиците 16-та Македонска Бригада, Коце Металец и сообраќајниот влез во скопската железарница. Овој кружен тек треба да биде од помош за зголемување на безбедноста во сообраќајот и разрешување на постоечките сообраќајни проблеми на улицата 16-та Македонска Бригада.

Од градскиот буџет за овој инфраструктурен објект  ќе се издвојат финансиски средства во висина од околу 730.000 евра, а изведбените активности е предвидено да завршат во рок од девет месеци.