Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО ќе ги обжали одлуките на судот

СЈО ќе ги обжали одлуките на судот

Специјалното јавно обвинителство подготвува приговори на решенијата на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 за неопределување мерка притвор за обвинетите, за кои тимот на Катица Јанева бараше мерка за обезбедување присуство. Од СЈО за Макфакс велат дека тоа ќе го направат од понеделник, бидејќи законскиот рок е 3 дена од добивањето на решението.

Заклучно со денеска, Судот одби 8 барања за притвор од вкупно поднесени 18. За најголемите случаи, во кои е обвинет врвот на ВМРО-ДПМНЕ, сè уште Судот се нема произнесено.

Притвор не добија: Ејуп Алими и Исмет Гури, Драган Павловиќ Латас, Владимир Пешевски, Елизабета Канческа Милевска, Ѓоко Поповски, Тони Трајковски и лицето Л.Л. Ц.