Wednesday, May 1, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСинот на Мадона ја нарече мајка си кучка

Синот на Мадона ја нарече мајка си кучка

Правната борба помеѓу поп кралицата и нејзиниот поранешен сопруг Гај Ричи која трае веќе 4 месеци за добивање на стрателството над нивниот 15 гофишен син, дуи и судијката која го води случајот ги змаолила славните родители да се смират.

Постојат гласини дека Мадона била очајна поради описот на сликата на  нејзиниот син која била ставена на Instagram, каде стоело „син на кучка“. 57-годишната ѕвезда во вторник ќе отпатува во велика Британија за да го види својот син, првпат по католичкиот Божик. Странските медиуми пренесуваат дека пејачката многу е вознемирена и дека се обидува да го поправи нивниот однос. Синот на Мадона, Роко,  не се појавуваше на социјалните мрежи од јануари, кога го избриша својот профил на Инстаграм на кој имаше 140.000 следбеници, наводно откако неговата мајка објавила фотографија на која Роко својата долга коса ја врзал во две репчиња.

Мадона требало да го посети својот син во Англија на крајот на својата турнеја на 20 март, но Роко ненадејно отпатувал на Малдиви каде Велигден го поминал со својот татко, спречувајќи ја Мадона воопшто да дојде во контакт со него. Сепак пејачката останува упорна во надеж дека ќе го поправи односот со својот син.