Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски заработи тужба за навреда

Груевски заработи тужба за навреда

Групата на граѓански активисти, учесници во протестите на Шарената револуција кои ќе поднесат тужба против лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски постојано расте. Во моментов, повеќе од 1.200 активисти се дел од Фејсбук групата наречена „Тужители“.

Новинарот Томислав Кежаровски, по вчерашната прес конференција на Груевски, објави дека ќе поднесе тужба, бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нарекол „уличар“ и „послушник на Заев“.

Кежаровски за ЦИВИЛ Медиа истакна дека членовите на групата денеска ќе одберат адвокат кој како новен правен застапник ќе поднесе тужба за клевета и навреда.

Тој побара да го поддржат и останатите заинтересирани граѓан(к)и кои беа дел од неколкумесечните протести на Шарената револуција, што имаа за цел паѓање на режимот предводен од Груевски и враќање на владеењето на правдата. По социјалните мрежи голем број на активисти објавуваат фотографии што сведочат за нивните активности во Шарената револуција, потенцирајќи дека се горди што се „уличари“.