Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕрдоган најави повлекување на тужбите за навреда кон него

Ердоган најави повлекување на тужбите за навреда кон него

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе ги повлече сите судски тужби против оние кои ги обвини дека го навредиле, по неуспешниот обид за воен удар кој се случи во Турција.

-Ќе ги повлечам сите тужби за навреди кои се изнесени на моја сметка, рече Ердоган.

Во изминатиот период турското Министерство за правда соопшти дека во земјата се заведени 1.845 судски дела за навреда на шефот на државата. Меѓу обвинетите се наоѓаат лидери на опозициски партии, како и луѓе кои објавувале коментари на социјалните мрежи.