Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИвона Талевска ја изгуби тужбата за клевета против Шилегов

Ивона Талевска ја изгуби тужбата за клевета против Шилегов

Ивона Талевска, новинарката на Сител и уредничка на Вечер ја изгуби тужбата за навреда и клевета против Петре Шилегов, портпарол на СДСМ кој во повеќе наврати на прес конференции изнесе документи за склучен милионски тендер на фирмата Визарис во сопственост на нејзината мајка со министерството за здравство. Потоа министерот Тодоров го раскина договорот од неетички причини поради нарушување на начелото на совесност и чесност кое е предвидено во законот за облигациони односи.

petre silegov vizaris

Судот пресудата ја донес на втори јуни, а објавена е сега според која: „Судот цени дека со оваа изјава на Министерот се потврдува вистинитоста на фактите содржани во изјавите на тужениот, а со која се исклучува одговорноста на тужениот за наводната навреда и клевета. Судот е на мислење дека тужителката како јавна личност новинар и главен и одговорен уредник во дневниот весник Вeчер , поради што и истата влегува во личности од јавниот живот, чиј праг на толеранција е поголем за разлика од кај приватните лица, а тужениот како портпарол на политичка партија само презентирал на јавноста документи издадени од државни органи од кои се увидува фактичката ситуација“.

Ивона Талевска треба да му исплати судски трошоци на Шилегов во износ од 55.838,00 денари.