Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСимеоне горд, но не само поради победата

Симеоне горд, но не само поради победата

После триумфот над Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите, тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне изјави дека е многу горд, но не само поради пласманот во полуфиналната рунда. „Постојат многу позитивни работи во овој тим, нешто што го создадовме за нешто повеќе од четири години работа. Среќен сум поради овие играчи, не зборувам само за полуфиналето, ова е поважно од тоа. Има се помалку вистински вредности во светот, но ние сме група од чесни работници кои можат да победат или загубат“, изјави Диего Симеоне.

Атлетико во реванш натпреварот на Висенте Калдерон ја доби Барселона со 2:0 и помина во следната рунда и покрај поразот на гостински терен од 2:1. „Победивме во ѓаволски тежок натпревар, но и многу убав. Никогаш не престанавме да веруваме, знаевме што треба да направиме. првото полувреме се играши под наши услови, второто под нивни, тие имаат поединци кои сами можат да го решат натпреварот, но ние останавме цврсти“, додаде Симеоне.