Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСилувачите од Шведска кои силуваа „во живо“ на Фејсбук осудени на само 2 години

Силувачите од Шведска кои силуваа „во живо“ на Фејсбук осудени на само 2 години

Тројца млади мажи кои учествуваа во силување во Шведска и тоа во живо го пренесуваа на Facebook, денеска се осудени на затвор. На Реза Мохамед Ахмади (21) му е одредена затворска казна од две години и четири месеци заради силување, а на Мајсами Афшар (18) едногодишна казна заради силување. Тие се Авганистанци кои добиле азил.

Швеѓанецот Емил Кодаголи (21) е осуден на шест месеци затвор заради тешка повреда на интегритетот на жртвата бидејќи снимал и ја објавил таа снимка, бидејќи не ги спречил и не го пријавил злосторството. Двајцата силувачи нападнале триесетгодишна жена во еден стан во Упсала на 22 јануари.

Корисниците предупредиле на снимката на силување објавена во затворена група на Facebook која има 60.000 членови, а полицијата успеала да ги локализира и приведе тројцата извршители уште истата вечер. Снимката за кратко време е отстранета од социјалната мрежа.

Двајцата силувачи го признале сексуалниот однос и тврделе дека бил обострано прифатен. Обвинителите предупредуваат дека жртвата била многу пијана и дрогирана. Тројцата мораат да и платат на жртвата вкупно 335.000 круни (околу 35.000 евра) отштета и камати.