Силното невреме во Долненско поплави куќи и уништи земјоделски култури
Големо невреме синоќа го зафати и Прилепскиот регион, при што поплави куќи и уништи површини со тутун и жито.
Според Центарот за управување со кризи од Прилеп и градоначалоникот на Долнени, Боше Милошески, најпогодени се Лажани каде беа поплавени 10-ина куќи и селото Кошино.
Водата носела и трактори, а глетката од невремето била морничава.
Денеска на теренот ќе се утврдуваат штетите од силното невреме.
Од Центарот за управување со кризи потврдуваат дека силното невреме синоќа освен поплави, предизвика и прекин на електричната енергија.