Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕвакуација во Нов Зеланд пред налетот на втората голема бура

Евакуација во Нов Зеланд пред налетот на втората голема бура

Поројни дождови го зафатија Северниот Остров во Нов Зеланд, во пресрет на најлошата бура во последните децении, според предвидувањата на метеоролозите.

Новозеланѓаните евакуираа градови по должината на северниот брег веднаш по прогнозите за големо невреме, пренесува BBC.
Невремето најверојатно ќе предизвика свлечишта на земјата околу 19:00 часот по локално време над заливот Пленти. Официјални лица предупредија на високи бранови, голема бура и лизгање на земјиштето.

Потоа се очекува да се движи кон Јужниот Остров, во петок наутро.

Невремето доаѓа откако големите поплави, предизвикани од остатоци од циклонот Деби, погодија некои делови на земјата минатата недела.
Бурата – која се очекува да донесе поројни дождови и јаки ветрови со брзина до 150 км на час е класифицирана како екстра-тропски циклон.