Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСилен земјотрес во Иран – има загинати и повредени

Силен земјотрес во Иран – има загинати и повредени

Tри лица загинаа, а 377 се повредени во земјотресот со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер, што го погоди североистокот на Иран.

Според податоците на иранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Боџнурда, во провинцијата Северен Корасан.

Околу 60 повредени се хоспитализирани по потресот регистриран вчера вечерта во кој се урнати над 40 отсто од куќите во неколку села.

Во силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен на почетокот на април, исто на североистокот на Иран, загинаа две лица.