Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСилен земјотрес го погоди Охрид

Силен земјотрес го погоди Охрид

Силен земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала денеска во 13.18 часот е регистриран во охридското епицентрално подрајче.

Епицентарот на земјотресот бил 12 километри североисточно од Охрид и пет километри североисточно од Косел, на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил со интензитет од седум степени според Европската макросеизмичка скала.

Потресот беше почуствуван во Скопје и во други делови од земјава, како и во Албанија.

Засега нема информации за евентуални штети.

Од 18 јуни до денеска во Охрид и во околината беа регистрирани повеќе од 800 земјотреси, од кои повеќето послаби. Најсилниот е денешниот, по потресот кој беше регистриран вчера, кој беше со магнитуда од 4 степени според Рихтер.