Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаШест лица пријавени за исчезнати во рок од 14 часа

Шест лица пријавени за исчезнати во рок од 14 часа

На територијата на земјава вчера се пријавени шест случаи на исчезнати лица, по кои полицијата презема мерки за нивно пронаошање, а станува збор за повозрасни како и малолетни лица, информираа во саботата од Министерството за внатрешни работи.

На 08.07.2016 година во 10,45 часот во СВР-Велес, Д.С.(1970) од Велес, пријавил дека на 07.07.2016 година откако ја подигнал својата пензија од банка во Велес, од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко Д.К.(1935). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08.07.2016 година во 18,30 часот во ПС-Кисела Вода, М.А.(1988) од Скопје пријавил дека истиот ден од 08,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга М.Т.(1990). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08.07.2016 година во 13,30 часот во ПС-Гази Баба, Ц.М.(1966) од нас.Илинден-Скопје, пријавил дека на 07.07.2016 година околу 09,00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син Ц.С.(1997). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08.07.2016 година во 17,00 часот во ПС-Тетово, Д.Д.(1973) од с.Теново-Тетово, пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Р.Д.(1997). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08.07.2016 година во 02,00 часот во ПС-Гази Баба, Ш.Д.(1970) од с.Идризово, пријавил дека на 07.07.2016 година околу 23,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 16 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08.07.2016 година во 02,00 часот во ПС-Бит Пазар, Ш.Д.(1969) од Скопје, пријавила дека од дома во непознат правец се оддалечила 16 годишна девојка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.