Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШекеринска го повика ОЈО да не стане соучесник на насилниците

Шекеринска го повика ОЈО да не стане соучесник на насилниците

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска по исказот во Обвинителството за настаните во „крвавиот четврток“, кажа дека била два пати нападната во Собранието, еднаш со статив од камера и еднаш од човек што влечејќи ја за коса, се обидел да ја собори, јавува „А1он“.

– Ако ова Обвинителство продолжи да ги минимализира нападите врз пратениците, тоа ќе стане соучесник во насилието врз пратениците и ќе помогне на насилниците кои не сакаат да ја предадат власта, рече Шекеринска.

Според неа многу лесно можат да се препознаат напаѓачите бидејќи ликовите им се јасно видливи на фотографиите и снимките.