Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимСезона на мозочни удари поради топлото време – како да ги препознаете симптомите?

Сезона на мозочни удари поради топлото време – како да ги препознаете симптомите?

Летните горештини пречат секому, особено на оние кои се со послаб имунитет и кои се хронично болни. Честите мозочни удари за жал се неизбежен дел од летниот период, па затоа е добро да знаете да ги препознаете симптомите за да можете да интервенирате навреме.

Најголемиот проблем се јавува кај полесниот вид на мозочен удар кај кој или не можат да се препознаат или погрешно се толкуваат симптомите. Но вториот мозочен удар, ако има таков, може да биде смртоносен. Следниве симптоми може да ви помогнат да спасите нечиј живот.

При мозочен удар, личноста:
1. Нема да биде во состојба да се насмее кога би ѝ го заповедале тоа.
2. Ќе има тешкотии во изговарањето на било каква едноставна реченца (на пр. „Денес е сончево“)
3. Нема да може воопшто да ги крене двете раце или, пак, само делумно.
4. Натерајте ја да го покаже јазикот. Ако е превртен, ако се насочува на една или друга страна, тоа е знак за мозочен удар.

Ако кај извршувањето на овие барања личноста има тешкотии, веднаш јавете се на Брза помош и опишете му ги симптомите на лекарот.