Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСевиља за еден ден ангажираше двајца напаѓачи!

Севиља за еден ден ангажираше двајца напаѓачи!

После Лусијано Вието, во Севиља пристигна и напаѓач од Тулуз. Како што потврди шпанскиот клуб, нов член на екипата е Бен Једер кој денес ги помина медицинските прегледи и потпиша договор. Једер пристигнува во Севиља после шест сезони поминати во Тулуз во чиј дрес постигна 71 погодок на 141 натпревар.

Минатата сезона експлодираше, постигна 17 натпревари во Лига 1 и беше најзаслужен за опстанокот на Тулуз во првенството. Једер е роден во 1990 година, има одлична градба и ќе биде значително засилување за тимот на Хорхе Сампаоли. Једер ќе има задача да му помогне на Лусијано Вието да го надоместат заминувањето на Кевин Гамеиро во редовите на Атлетико Мадрид.