Monday, May 13, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСимеоне го отпиша Вието, трансфер на повидок!

Симеоне го отпиша Вието, трансфер на повидок!

Аргентинецот не отпатува на турнејата по Австралија со цел да го комплетира својот трансфер. Лусијано Вието со една нога веќе беше во Барселона, а потоа Диего Симеоне наводно намерно го стопирал трансферот не сакајќи да го засилува најголемиот ривал. Вието е сега на чекор од трансфер во Севиља, прво на едногодишна позајмица за три милиони евра со можност за откуп на договорот зза дополнителни 20 милиони евра.

Доколку не се променат нештата во последен момент, бидејќи Барселона и понатаму се обидува да ги сврте работите во своја корист, Вието до крајот на денот или најдоцна до утре ќе стане нов член на Севиља.