Saturday, May 4, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСевиља ја краде најголемата желба на Барселона?!

Севиља ја краде најголемата желба на Барселона?!

Напаѓачот на Атлетико Мадрид е на чекор од трансфер во Севиља! Лусијано Вието е многу блиску до договор со Севиља во која би можел да ја помине наредната сезона како позајмен фудбалер од Атлетико Мадрид. Преговорите меѓу Атлетико и Севиља се во завршна фаза и наскоро би можело се да се официјализира, пренесуваат шпанските медиуми.

Севиља наводно го убедила Вието со фактот дека таму ќе може да игра во првата постава, понудувајќи му значајно поголема минутажа од онаа што би ја добивал во Барселона во која би бил четврти напаѓач зад триото Меси, Нејмар, Суарез. Вието не е во првите планови на Диего Симеоне, бидејќи во прв план се Гризман и Торес, а уште се споменува и евентуално враќање на Диего Коста.

Од друга страна, иако Севиља би и ја расипала работата на Барселона со трансферот на Вието, тоа може да значи дека таа е подготвена да ја прифати понудата на Каталонците за Кевин Гамеиро кој е голема желба на Луис Енрике. Во последните неколку дена се очекуваат повеќе информации и реализација на овие трансфери.