Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалШпанска ТВ сапуница во Тбилиси – Педро во „5 до 12“ ја однесе Барселона до петтиот Суперкуп

Шпанска ТВ сапуница во Тбилиси – Педро во „5 до 12“ ја однесе Барселона до петтиот Суперкуп

Плејада од голови и изобилство на адреналин и макотрпни 120 минути исчекување – ова накратко е атмосферата која вчеравечер во Тбилиси ја приредија двата шпански тима во борбата за европскиот Супер куп, во кој Барселона успеа да ја совлада Севиља со неверојатни 5:4.

Голеадата започна многу рано, уште во 3-та минута од натпреварот со погодокот на Банега од слободен удар. Не му требаше многу време на Меси да направи пресврт за резултат од 2:1 по само 15 минути игра. Крајот на првото полувреме го затвори Рафиња, а голеадата за каталонскиот гигант ја продолжи Суарез.

pedrobarsaСепак, победникот на Лига Европа уште еднаш ја докажа својата борбеност и пожртвуваност на теренот и не дозволи лесно да потпадне под влијание на противникот. До крајот на регуларните 90 минути голови постигнаа и Рејес, Гамеиро и Конољанка за мега израмнување од 4:4.

Херојот на вечерта беше Педро Родригез, кој влезе како замена на Маскерано и во 115-та минута го зададе конечниот удар кој значеше само едно – петти Суперкуп за Барселона. Интересно е да се напомене дека токму Педро пред 6 години беше клучен во финалето на уште еден Суперкуп, во трка за трофејот против  Шахтјор.