Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисСензација: Квери го елиминираше Ѓоковиќ од Вимлбдон!

Сензација: Квери го елиминираше Ѓоковиќ од Вимлбдон!

Најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ денес го претрпе првиот Грен Слем пораз после 30 победи по ред. Подобар од него во третото коло беше Сем Квери кој успеа да ја заврши работата која ја започна во петокот и да слави со 7:6, 6:1, 3:6, 6:1.

Дуелот поради дожд и мрак беше прекинат во петокот после два сета, а Ѓоковиќ денес не успеа да направи голем пресврт, па така после две години извесно е дека Вимблдон ќе добие нов шампион. Денес натпреварот беше повторно прекинат и тоа во два наврати, Новак успеа да го добие третиот сет, ервираше и во четвртиот за 2:, но претрпе брејк во десетиот гејм и на крајот загуби после тој брејк.

Српскиот тенисер ги освои последните четири Грени слеми и стана првиот човек во историјата кој тоа го направил на три различни подлоги, а дури трет во историјата кој ги освоил четирите најголеми турнири. Со овој пораз прекината е серијата од 30 Грем Слем победи по ред 28 Грен Слем четвртфиналиња едно по друго. Квери во осминафиналето ќе игра против Николас Махут.