Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСемејствата на настраданите не можат да ги земат телата

Семејствата на настраданите не можат да ги земат телата

Роднините на починатите во невремето два дена чекаат пред капелата во Бутел за да ги земат телата на жртвите. Се појавиле проблеми во процедурата и затоа не можат да ги земат телата. Ги повикаа надлежните да им помогнат за да можат своите блиски достојно да ги погребаат.

„Луѓе ова не е нормална состојба, телата се распаѓаат таму. Не знам што да правам и да го земам каде да го носам без документ, во спална, во фриждер, каде?“ – вели револтирано роднина на починати.

Телата се донесени во Бутел со усна наредба на јавното обвинителство и без документи за околностите во кои настапила смртта. Без ваков документ не може починатото лице да се внесе во Изводот на книгата на умрените во МВР.
Не им дозволуваат да ги земат телата освен со документ кај нотар дека целата одговорност е на роднините. Тие се сомневаат дали потоа ќе добијат документи и дека ке може да извршат погреб, но и се плашат од последици.

Од Основното јавно обвинителство излегоа со соопштение дека немаат ингеренции да постапуваат во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за кривично дело.

За проблемот блиските на жртвите алармираа и вчера преку медиумите. Роднините кажаа дека ако во краток рок не им помогнат надлежните, тие ќе бараат одговорност.