Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСемејна драма: Снаата ја гризнала свекрвата, сопругот ја нападнал со тупаници

Семејна драма: Снаата ја гризнала свекрвата, сопругот ја нападнал со тупаници

Голема караница и турканици биле повод за жителка од тетовското село Челопек да се јави во полиција и да пријави дека врз неа било извршено семејно насилство.

Се започнало кога жената се втурнала во караница со својата свекрва, што продолжила во туркање, за да заврши со белег од гризање на раката на свекрвата.

Свекрвата побарала помош од синот, кој веднаш и се нафрлил на сопругата, ја влечел за коса и со тупаници јаа удирал по главата. Поради нанесените телесни повреди сопругата од полицијата побарала кривичен прогон за својот сопруг насилник.