Friday, May 3, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСекси затвореникот објави фотографија од првата официјална фото сесија. Од затвор право пред фотоапарат

Секси затвореникот објави фотографија од првата официјална фото сесија. Од затвор право пред фотоапарат

Кога пред две години се појави сликата на најубавиот затвореник на светот, истата го заобиколи целиот свет. Секоја девојка беше маѓепсана од неговите небесно сини очи и совршени црти на лицето. Штом тој излезе од затвор, веднаш потпиша договор со агенцијата за модели „Блејз“.
jeremy
Џереми Микс заврши во затвор поради поседување на оружје, а стана познат откако неговата слика направена во полициска станица се појави на социјалните мрежи. Тоа беше доволно за милиони корисници ширум светот да го забележат неговиот секси изглед. Микс пред три месеци излезе од затвор, а агенциите за модели веднаш почнаа да му нудат договори. Тој реши да ја прифати понудата на агенција „Блејз“ со која потпишал договор за 30 илјади долари. Сега на Инстаграм ги објави своите први професионални фотографии и ги воодушеви фановите.
miks-zatvorenik